На 7 јуни 2024 г., во село Новосељане (Кумановско) се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето“ во организација на Комбинатот „Клечовце“ и „Агростарт“.

Оваа година во интерес на производителите и на присутните од научните институции, манифестацијата „Ден на полето“ во организација на г. Бубе Трајковски беше конципирана во неколку денови, во периодот од 5 до 7 јуни.

Деновите беа посветени на значењето и користењето на сертифициран семенски материјал, како и избор на ѓубрива, заштита и современа и прецизна механизација за едно квалитетно земјоделско производство.

Професори од Земјоделски факултет вршат континуирана стручна контрола (апробација) на површините под житарки и сончоглед во Новосељане и со сигурност може да се потврди примената на квалитетна агротехника, заштита и прихрана на површините.

Имајќи ги предвид климатските промени кои станаа дел од нашето секојдневие и иднината, во иднина е потребно да се внимава и доколку има потреба да се променат роковите, контролата и заштитата на посевите.

Како резултат на климатските промени и високите температури, релативно многу топлото и сушно време, жетвата оваа година ќе започне 15 до 20 дена порано.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.