Во периодот од 3 до 7 јуни 2024 г. на Земјоделски факултет при УГД е реализирана Еразмус+ мобилност на претставници од Универзитетот за агробизнис и рурален развој од Пловдив, Бугарија.
Во текот на посетата се реализираа неколку работни состаноци со професорскиот кадар на Земјоделскиот факултет во насока на развивање на одржлива соработка помеѓу двете институции.
Претставени се инфраструктурните научни капацитети на УНИЛАБ лабораторијата и се согледани можностите за развојни идеи и трансфер на знаења помеѓу факултетите.