Од 21 до 24 јануари, деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, проф д-р Љупчо Михајлов, учествуваше во работата на 52. советување на агрономи и земјоделски производители што се одржа на Златибор, по повод јубилејот 80 години од основањето на Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад.
На ова советување деканот беше еден од предавачите во панел дискусијата под наслов ,,Зелено ѓубрење – избор на растителен вид и технички детали“.
Деканот Михајлов се заблагодари на поканата и истакна дека веќе воспоставената соработка меѓу Земјоделскиот факултет во Штип и Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад треба да продолжи и да се проширува.
Како прв следен чекор во правец на продлабочување на соработката, деканот упати отворена покана до колегите од Институтот и Земјоделскиот факултет во Нови Сад да учествуваат во работата на првото советување ,,Агро - наука и пракса“, кое ќе се одржи во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на 10 и 11 мај 2018 година.