Во периодот од 27 до 30 мај 2024 г., професори и докторанди од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа на XIII International Symposium on Agricultural Sciences во Требиње, Босна и Херцеговина.
Беа презентирани неколку усни и постер презентации, остварени се нови контакти и отворена е можност за соработка.
Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип имаше свое успешно претставување на XIII International Symposium on Agricultural Sciences во Требиње, Босна и Херцеговина.
Со своја усна презентација на тема „Determination of free hydrocyanic acid in homemade produced fruit brandies“, нашиот докторанд м-р Александар Пиперевски, со група автори (Aleksandar Piperevski, Violeta Dimovska, Atanas Runchev, Dejan Milanov, Aleksandar Runchev), имаше одлично презентирање на добиените резултати.
Неговиот труд беше награден за Најдобра студентска презентација, со што наредната година ќе може да учествува на Симпозиумот со целосно покриени трошоци од страна на организаторот.
Наградата му беше доделена од страна на деканот на Земјоделски факултет во Бања Лука, проф. д-р Златан Ковачевич.
На Симпозиумот беше отворена можност за склучување договор за соработка со Земјоделскиот факултет во Бања Лука и можност наредната година Земјоделскиот факултет да биде коорганизатор на Симпозиумот.
Горди сме на претставувањето на нашиот факултет, отворените нови можности за соработка и, се разбира, најмногу сме горди на успесите на нашите студенти.