Во периодот од 22 до 29 мај 2024 г. во Будимпешта, Унгарија, се одржа интензивен курс со наслов „Bio- and single molecular analysis from basics to practice", во рамки на CEEPUS мрежата Teaching and learning bioanalysis.
На курсот учествуваат Ивана Јовановиќ, студентка на прв циклус студии, Кристина Панев, лаборант во УНИЛАБ и студент на втор циклус студии и Елена Богева, студент на трет циклус студии, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос.
Предавањата беа фокусирани на сепарациони техники, како што се високоефикасна течна хроматографија (HPLC) и капиларна електрофореза (CE) поврзани со масена спектрометрија, како и флуоресцентна и оптичка микроскопија, кои се важни техники за хемиски и биохемиски сепарации, за квалитативна и квантитативни анализа. Освен тоа, беа одржани бројни демонстрации во лабораторија и практични вежби со HPLC.
Сите предавања и практични вежби овозможија проширување на знаењата и искуството на сите присутни учесници на курсот. По завршување на курсот, студентите се здобија со сертификат за учество, како и пристојни награди од организаторот за активно учество во практичните вежби.