По покана на Земјоделски факултет, проф. Јовица Васин од Институт за поледелство и градинарство во Нови Сад, ангажиран како визитинг професор од областа педологија на факултетот, одржа предавања и теренска (практична) настава за студентите на Земјоделски факултет.

Според предвидените активности со проф. Васин, студентите од НЦ Штип и НЦ Кавадарци имаа можност да проследат предавања и во Опитен центар Амзибегово, практична - теренска настава (педолошки профил).

Покрај нашите студенти на теренската настава присуствуваа и ученици од СОУ „Кочо Рацин“ - Св. Николе, од втора година, под менторство на професор Горан Мијалковски.

Предавања беа одржани и за студентите од НЦ Струмица, исто така комбинирани со теренска настава (педолошки профил) во Опитно поле Струмица. Покрај студентите, исто така на наше задоволство присуствуваа и ученици од втора и трета година од СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица, под менторство на професорите Аница Петрушевич, Љубица Тошева, Томе Тимов и Васко Стојков.

Земјоделскиот факултет во континуитет продолжува со надополнување на теоретската со практична настава, задолжителни за нашите студенти и сите заинтересирани страни. 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.