На 15 мај 2024 г. (среда) се одржа 52. Државен тракторски натпревар на сите стручни училишта од земјоделско-ветеринарната и шумарската струка. Натпреварот се одржа во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен.
Професори од нашиот факултет беа дел од централната комисија за евалуација на резултатите и дел од тимовите за следење на стручноста на учениците кои се натпреваруваа во неколку дисциплини:
- Земјоделска техника – Управување со трактор;
- Органско земјоделско производство;
- Заштита на растенија од болести, штетници и плевели;
- Размножување на културните растенија;
- Техники на ветеринарна медицина.
Натпреварот секоја година им нуди можност на средношколците да ги истакнат натпреварувачкиот дух, желбата за знаење, мотивацијата за учење и желбата за победа.
Бидете желни за знаења и нови предизвици, а ние ќе ве очекуваме заедно да продолжиме во продлабочување на знаењата во академската средина.
Благодарност до претседателот на Здружението „ТЕРА – ФИТОН – АНИМАЛ“, Игор Николов, за укажаната доверба и соработка со Земјоделскиот факултет.
Честитки до организаторите и домаќините од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен за успешно организираниот натпревар.