Во периодот од 6 до 9 мај 2024 година во Краков, Полска, се спроведе Обука за одржлива употреба на пестициди со фокус на интегрирано управување со штетници, Сесија 15 - овошни дрвја.

На обуката беа презентирани основните принципи на интегрираната заштита на растенијата – употреба на пестициди во случај кога само тоа е неопходно (појава на болести или штетници).

На обуката присуствуваа вкупно 25 учесници од земјите членки на ЕУ, вклучувајќи и претставници од Македонија и од Србија – земји-кандидати за членство во ЕУ.

Обуката се состоеше од презентации, работа во групи и теренска анализа.

Проф. д-р Емилија Арсов беше активен учесник во обуката и ги презентираше условите и начините на имплементација на IPM во нашата држава.

Теренската анализа беше спроведена на овоштарник со јаболка, каде што беше следен процесот на примена на IPM во одгледувањето на јаболката, пласман на истата, како и преработка и производство на 100% сок од јаболка.

Производство на здрава храна значи здрав начин на живот. Намалената употреба на пестициди во процесот на заштита на растенијата е важен фактор за здрав и квалитетен плод без штетни ефекти по здравјето на човекот.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.