Професори од Универзитетот „Мендел“ во Брно, Факултет за земјоделски науки, Оддел за морфологија, физиологија и анимална генетика, Република Чешка, проф. д-р Петр Слама, проф. д-р Алеш Павлик и доц. д-р Андреј Батик, реализираа студиски престој на Земјоделскиот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во периодот од 6 до 10 мај 2024 г.
Престојот се реализираше во рамки на CEEPUS мрежата BioScience, Food and Health (SK-1516-04-2324).
За време на престојот професорите беа запознаени со активностите на факултетот, беше разговарано за започнување на нови проектни активности и договорени идни мобилности со вклучени научни активности во различни области од анималната технологија, технологијата на вино и храна.