На 9 мај 2024 година, студентите на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на студиските програми Квалитет и безбедност на храна (Штип), Поледелство (Штип), Градинарство (Струмица), Лозаро-овоштарство (Кавадарци), со менторите од факултетот проф. д-р Ацо Кузелов и проф. д-р Димитар Наков, имаа можност да посетат современа фарма за одгледување молзни крави во с. Могила (Битола) и да се запознаат со технологијата на производство на кравјо млеко.

Фармата „Пивко“ претставува фамилијарен бизнис во сопственост на г. Стево Пивковски и неговата фамилија. Студентите се запознаа со комплетно дигитализиран систем за следење на технолошкиот процес и имаа единствена можност да видат автоматизиран роботски систем за измолзување. Фармата практикува строго контролирана исхрана од програмата на САНО. Голема благодарност до сопственикот на фармата, г. Стево Пивковски и г. Александар Христовски, стручен соработник во САНО - современа исхрана на животни, за можноста студентите да се запознаат со модерните технологии во производството на кравјо млеко.

Теренската настава продолжи со посета на Лабораторијата за месо и Лабораторијата за млеко при Факултетот за биотехнички науки - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, со кои Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има склучено договор за соработка. Во лабораториите, под менторство на проф. д-р Елена Јошевска и проф. д-р Борче Макаријоски, студентите правеа преработки од месо (паштета) и преработки од млеко (овошен јогурт).

Благодарност до деканката на Факултетот за биотехнички науки - Битола, проф. д-р Гордана Димитровска, за реализираната практична настава и соработката која ќе продолжи и во иднина.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.