Во рамки на COST акцијата FLAVOURsome (COST 22161) е отворен Повик за кратки научни престои (Short-Term Scientific Missions (STSMs)) на кој може да аплицираат докторанди и млади истражувачи. Крајниот рок за аплицирање е 10.5.2024 год.

Во рамки на истата акција отворен е Повик за грантови за учество на конференции кои не се организирани од COST, на кој може да учествуваат докторанди и млади истражувачи/истражувачи од инклузивно-таргетни држави (ITC CG) во кои спаѓа Македонија.  

Силно се охрабруваат сите заинтересирани докторанди и млади истражувачи/истражувачи од УГД да аплицираат на овие грантови кои се одлична можност за учество на научни конференции со висок рејтинг во Европа. Изборот на конференцијата на која сака да учествува апликантот, го прави самостојно. Конференцијата треба да биде во рамки на тематиката опфатена во FLAVOURsome акцијата. Крајниот рок за аплицирање е 10.5.2024 год.  

COST акцијата FLAVOURsome силно го поддржува учеството на 17th Weurman Symposium (24 - 27 септември 2024 г.) кој се одржува на Универзитетот Вагенинген, Холандија (https://weurman.com/). Бидејќи COST акцијата FLAVOURsome организира Сателитски состанок на 23.9.2024 г. се покануваат заинтересираните кандидати од ITC, учесници во FLAVOURsome акцијата, да поднесат апстракт за да присуствуваат на сателитскиот состанок и/или може да аплицираат за грант за конференција за да присуствуваат на целосниот Weurman симпозиум.  

Пред поднесување на апликацијата, сите заинтересирани апликанти кои не се дел од акцијата, најпрво треба да се приклучат како активни членови преку потполнување на апликација на платформата COST. https://www.cost.eu/actions/CA22161/.

Сите потребни информации во врска со акцијата и условите за аплицирање за грантови може да се најдат на следниот линк: https://flavoursome.eu/grants/.

За дополнителни информации, обратете се на следнава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.