Во периодот од 3 до 5 април 2024 год. нашата студентка Ивана Јовановиќ, студент во трета година на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, на студиската програма Лозарство и винарство, беше дел од Обуката за вински водич организирана од GIZ и MASOM.

Обуката се одржа во Скопје, во просториите на М6 Едукативен центар и истата имаше за цел да ја подигне свеста за винскиот туризам во нашата земја и да покаже дека имаме голем потенцијал за да станеме една од најдобрите вински земји. Од обуката учесниците се стекнаа со сертификат за вински водичи кој е признат насекаде. Оваа обука беше овозможена од GIZ и MASOM, а предавачи беа Звонко Херцег и Ангела Паскуале.

Во тек на обуката нашата студентка Ивана се стекна со нови знаења и вештини во светот на виното, кои се навистина впечатливи. Честитки за нејзината посветеност и успех.

Нашите студенти инвестираат во своето знаење во рамките на факултетот, на практичните посети на компаниите и преку следење на обуки важни за оформувањето како земјоделски инженери-агрономи.

Ова нека биде уште еден практичен пример и мотив за останатите наши сегашни и сите идни студенти, за сите можности кои ги очекуваат и кои безрезервно треба да ги користат во најубавиот период од животот – студентските денови.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.