„AgFutura Technologies“ организираше Тренинг-работилница во рамки на проектот „Биобазирани производи за прихрана како најдобра практика за одржливо управување во земјоделството (BFERST)“, финансиран од ЕУ програмата „Хоризонт 2020“.
Целта на тренингот беше да се зголеми информираноста на клучните стеихолдери за можностите за развој на одржливи бизнис модели поврзани со валоризација на биоотпадот и негова примена во земјоделството, со посебен акцент на биобазирани производи за прихрана.
Студентите на Земјоделски факултет активно учествуваа во работилницата.
Земјоделскиот факултет продолжува со своите партнер-институции во организирање на работилници, информативни денови и активни сесии, со цел да го подигне квалитетот и нивото на знаење за значењето на земјоделското производство и да се слушне гласот на нашата планета Земја која се соочува со предизвици без преседан, како што се климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси.