Практичната настава на студентите е важна алка во синџирот на образованието, со цел студентите да стекнат подобри практични вештини и компетенции и да дојдат до полесно вработување.
Земјоделскиот факултет во рамките на проектната активност „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост - Increasing Market Employability - IME и проектот Образование за вработување во Северна Македонија - E4E, под менторство од факултетот, овозможува конекција на студентите со компаниите, нивно практично обучување и пронаоѓање на вистинското место на пазарот на труд.
Споделуваме позитивно искуство од практичната настава на студент кој преку своите практични денови дојде со своето вработување.
Секој труд, залагање, едукација и правилно насочување на нашите студенти, сигурно ќе даде одлични резултати.
Практичната настава во компаниите е во функција за полесна вработливост на студентите и се разбира овозможување комфорност во сопствената зона.