По шести пат (почнувајќи од 2018 г.), УНИЛАБ лабораторијата е првиот избор на студентите од Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка.
Март е повторно резервиран во календарот за почеток на нова студентска пракса во периодот од 2 март до 1 јуни 2024 г.
Две студентки од Пардубице, Република Чешка, ќе бидат на практична лабораториска работа во Лабораторијата УНИЛАБ на Земјоделски факултет.
Им посакуваме топло добредојде и успешен престој на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Благодарност до целиот тим на УНИЛАБ лабораторијата кои придонесуваат секоја година првиот избор на студентите за студиски престој да биде токму УНИЛАБ, Земјоделскиот факултет и УГД - Штип, за краток престој во време од две недели и долг престој во време од три месеци.