Во периодот од 3 до 6 декември 2023 година, претставници од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип беа во посета на Универзитетот во Гејзенхајм, Германија.

Целта на посетата беше размена на знаење и искуство од областа на лозарството и винарството, помеѓу научните и истражувачките институции, со акцент на запознавање со историјатот и работата на Универзитетот, преку остварување на средби со претставниците на Универзитетот и отворање на можности за потенцијална идна соработка.

Посебен акцент беше ставен на информациите за студиите (сите три циклуси на студии во кои можат да се вклучат и наши студенти) и тековните истражувања кои се однесуваат на локални и регионални сорти винова лоза, како и контрола на квалитетот на вино со посебно внимание на виното со географски ознаки.

Во тек на посетата се разменија контакти со одговорните лица на Универзитетот во Гејзенхајм, како и со нивната ЕРАЗМУС канцеларија, со цел да се започне и потпише договор за заедничка соработка.
Посетата беше организирана со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка - GIZ North Macedonia (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH) во рамки на проектот „Introduction of Geographic Indications (GI) in Wine in North Macedonia”, имплементиран во соработка со Вина од Македонија и Винарија Тиквеш.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.