На 21 декември 2023 година, AgFutura Technologies претставувана од м-р Благоја Муканов, во соработка со Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, претставуван од декан проф. д-р Емилија Арсов, како и Сојуз на стопански комори на Македонија претставувана од г. Горан Ѓоргиевски, поддржан од Green Growth Platform, претставувана од д-р Наташа Ристовска, и проф. д-р Владимир Трајковиќ, го иницираа формирањето на „Алијанса за дигитална транзиција во земјоделство и индустрија на храна“.
Идејата за оваа иницијатива потекнува од желбата да биде најважниот специјализиран дигитален иновациски хаб, клучен во дигиталната трансформација на #Агропрехранбениот сектор во Северна Македонија, #ЗападенБалкан и #Балканот воопшто.
Сите партнери се обврзаа на четири основни области на соработка за да помогнат во процесот на #дигитализација: подобрување на советодавните услуги во земјоделството, преквалификување и усовршување, технологија за валидација и поттикнување на развој на бизнисот.
Партнерите се согласни да го стават на располагање своето знаење, техничка компетентност и силна инфраструктура за да ја олеснат дигиталната транзиција во земјоделско-прехранбениот сектор.