Колкав е интересот на младите за дигитализација во земјоделството?
Во посета на компанијата „Баја Сим“: Студентите од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, под менторство на проф. д-р Ристо Кукутанов, редовен професор по механизација, со вмрежување со студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна - ФЗНХ Скопје, за време на теренската едукативна сесија фасилитирана од Increasing Market Employability - IME, се запознаа со трендовите во прецизното земјоделство и паметните земјоделски практики.
Јане Каракашов, млад агроном, го сподели своето искуство во дигитализација на семејната фарма во модерен агробизнис. Првиот чекор во таа насока беше воведувањето и користењето на GPS уред, што сега му овозможува ефикасна работа со земјоделската механизација и намалување на трошоците за производство.
Студентите активно учествуваа во дискусијата и покажаа голема заинтересираност за дигитализирање на процесите во модерното земјоделство.