На 24.10.2023 година во седиштето на COST асоцијацијата во Брисел, Белгија, се одржа првиот состанок на Управниот одбор на COST акцијата
CA22161 - Future of plant-based food: Bridging the gap of new proteins and FLAVOURsome (FLAVOURsome). Целите на оваа акција се истражувања и стекнување знаења за утврдување на влијанието на растителни протеини, но и други биоактивни соединенија врз вкусот и мирисот на храната, преку дизајнирање на нови функционални прехранбени производи и формулации. Акцијата составена од 48 истражувачи од 16 држави ќе промовира високо ниво на корелација меѓу истражувањата и сензорната анализа на храна, соработка меѓу академската заедница и индустријата, и развој на иновативни апликации во прехранбената индустрија.
На состанокот учествуваше проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос која ќе биде член на Core-групата и STSM-координатор, која е една од лидерските позиции во акцијата.