Студенти од Земјоделски факултет од Наставниот центар Струмица учествуваа на работилница во рамки на проектот ИДЕАС финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Северна Македонија.
Нашите студенти заедно со младите потенцијални претприемачи од Југоисточниот регион имаа можност да се запознаат со можностите и начините за креирање нови и профитабилни бизниси.
Учество на работилници, настани, конференции се дополнителни активности од кои студентите имаат можност да ги прошират своите знаења.