Октомври, нов месец, нов почеток, нова академска година. Почеток на испишување на нова академска приказна со генерација 2023/2024 г.
Средба, свечено обраќање, запознавање, мотивација и споделување на убави зборови кои ќе бидат мисла водилка на почетокот на патот на вашите успеси.

Среќни сме и горди што сме дел од нова генерација на студенти, кои го направија својот вистински избор, одлучија своето знаење да го надградуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Земјоделскиот факултет.
„Во текот на вашите студии ќе се среќавате со безброј предизвици, нека има повеќе среќни и помалку тажни моменти, моменти исполнети со голем број на знаења, предизвици, ќе ја испишувате својата академска приказна – приказна исполнета со дружење, анегдоти, дискусии, понекогаш и расправии, како и по некој гаф од колега на предавање или испит или пак во вашите очи и од некој професор. Сето тоа ќе биде зачинето со многу дружење и создавање на вечни пријателства.
Спомените кои ќе ги создавате во академската средина ќе ве следат цел живот. А ние сме особено горди што ќе бидеме дел од спомените на една нова генерација 2023/2024. Во оваа пригода ве замолувам сите заедно активно да се вклучиме во испишувањето на моменти кои вечно ќе се паметат, и од ваша и од наша страна“, изјави деканката проф. д-р Емилија Арсов во своето обраќање кон бруцошите и тековните студенти кои беа дел од овие свечени моменти.
 Покрај обраќањето на деканката, свое поздравно обраќање со споделување на информации за начинот на студирање имаше и продеканката за настава, проф. д-р Биљана Балабанова, која го потенцираше значењето на електронскиот систем на функционирање на УГД, како една многу корисна алатка во ерата на информатичката технологија, кога само со клик во системот може секој студент да реализира уплата и пријава на испит, или поднесување на барање во системот на УГД.
Земјоделскиот факултет е место каде што секој студент има свое место и право, и стои рамо до рамо со професорите, го собира целокупното знаење кое несебично се споделува, секој совет, поддршка, мотивација. Така и на овој свечен ден свое кратко обраќање кон новите студенти имаа тековните студенти на Земјоделски факултет, Изабела Крстеска, студентка во четврта година на студиска програма Фитомедицина и Кристина Ваневска, студентка во четврта година на студиска програма Енологија. Искрени чувства и емоции, стекнати и пренесени од студентите.
Сепак, најубаво е кога различни генерации на студенти меѓусебно ќе се вмрежат и на тој начин врските во семејството наречено Земјоделски факултет ќе бидат поцврсти.
Од името на академската заедница на Земјоделски факултет, ви посакуваме топло добредојде и успешен почеток на Вашата патека по која започнавте и гордо чекорите, а од нас ќе имате сигурно цврсто подадена рака.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.