Во рамките на билатералниот проект „Оксидомикс, поддржан развој на квалитет на ладноцедени масла богати со антиоксиданти со усовршување на производствениот процес“ под раководство на проф. д-р Сања Костадиновиќ-Величковска, во периодот од 21 до 25 август 2023 год. Земјоделски факултет беше домаќин на колеги од билатералната страна, Виена.
Проф. д-р Марк Пигнитер, Тобиас Поинтер - докторанд, д-р Анреас Грегор и Лена Грабнер од Институтот за физиолошка хемија при Универзитетот во Виена, имаа неколку дена работни средби, споделување на резултати од истражувањето, споредливост на истражувањето во УНИЛАБ и во лабораторијата во Виена.
Целта на оваа посета беше разработување на нови методи и усовршување на технологија на производство на висококвалитетни ладноцедени масла од из’ртено сончогледово и ленено семе во Одделението за квалитет на масло при УНИЛАБ лабораторијата.