Во периодот од 24 до 25 август 2023 г. Земјоделскиот факултет беше домаќин на Работилница и обука под наслов „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, која овозможи вмрежување на високото образование и земјоделските компании.
Овој настан обезбеди услови за креирање синергии и можности за промовирање и развивање на идејата за намалена емисија на стакленички гасови (GHG) во земјоделските практики, преку имплементација на современи технологии. Присутните претставници на земјоделски компании добија информативни материјали за главните можности и цели на проектот „КАРБОНИКА“ (CARBONICA).