Многу значајна алка во синџирот за производство на храна од животинско потекло претставува благосостојбата на фармските животни. Таа придонесува за поголема продуктивност на животните, намален број на повреди и намалена инциденција на болести кај животните.

Во системите за интензивно одгледување на фармски животни често се занемарува фактот дека животните се свесни суштества кои се способни да чувствуваат болка и да страдаат. Во такви услови на одгледување животните не се во можност да манифестираат нормално однесување, а просторот во кој се чуваат често им го ограничува движењето. Главна цел на вмрежување на научните работници во рамки на COST акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare е да се дефинира и концепциски постави пристапот кон позитивната благосостојба на фармските животни, да се идентификува валидна методологија за проценка на позитивната благосостојба на животните и да се дефинираат индикаторите за благосостојбата на животните одгледувани во фармски услови.

Состанокот на третата работна група на COST акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare се одржа на 28.8.2023 година во Лион, Франција. На состанокот беа поставени целите на работната група за периодот што претстои, пред сè да се дефинираат индикаторите за добра благосостојба на животните одгледувани во фармски услови и да се постават основите на протоколите за проценка на добрата благосостојба на фармските животни. Дополнително, членовите на работната група треба да ги идентификуваат чинителите во синџирот на производство на храна од животинско потекло кои директно ќе имаат корист од проценката на добрата благосостојба на фармските животни. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип преку Земјоделски факултет и учеството на проф. д-р Димитар Наков активно се вклучи во работната група 3 и ќе придонесе во остварување на поставените цели.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.