Во периодот од 24 и 25 август беше одржана обука на тема „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, организирана во соработка и поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ Increasing Market Employability - IME и проектот Образование за вработување во Северна Македонија - E4E.
На обуката на менторите од факултетот и менторите од компаниите, преку практични примери, задачи, размислувања, беа анализирани моментите од упатување на студентот на практична настава до целосна реализација на истата. Меѓу другото акцентот беше ставен и на евидентирање, следење и вреднување /оценување на студентите во реализација на практична настава кај работодавец и контрола на реализацијата на практичната настава.
Преку обуката „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“ главната цел е стекнатото знаење да го преточиме во реалност и пракса, сѐ во интерес на една неразделна врска меѓу високото образование - студентите - компаниите и создавање на кадри кои самостојно ќе работат понатаму и напредуваат во нашите компании.
Благодарност за поддршката од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост Increasing Market Employability - IME и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4Е@mk) Образование за вработување во Северна Македонија - E4E.
Огромна благодарност до консултантите вклучени во развојот на програмата Наташа Јаневска, Соња Ристовска и Ардијана Исахи Палоши.
Благодарност до фирмите / компаниите присутни на обуката кои покажаа интерес за учество во развојот на програмата (Живино-пром, АгФутура технологии, Агропродукт, Имако вино, Мик Свети Николе, Агриа груп Велес, Мрежа на земјоделски задруги).