Во рамки на CEEPUS мрежата BioScience, Food and Health за мобилност на студенти и наставнички кадар, проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос од Земјоделски факултет и м-р Елена Богева, студент на трет циклус студии на Земјоделски факултет, реализираа студиски престој на Биотехнички факултет на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, во период од 15 до 21 мај 2023 г. За време на престојот, проф.

д-р Виолета Иванова-Петропулос одржа предавање на тема „Состав и квалитет на вино“, а м-р Елена Богева презентираше дел од својата работа на докторската дисертација на тема „Нов вински стил – медено вино“ пред студенти на втор и трет циклус студии на студиските програми Овоштарство, лозарство и винарство и Безбедност на храна.
Во текот на студискиот престој, заедно со колегите од Одделот за винарство и лозарство, проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос и м-р Елена Богева учествуваа во работата на Енолошката лабораторија во поставување на HPLC-метода за анализа на биоактивни компоненти во вино, се запознаа со состојбите во винскиот сектор во Црна Гора, го посетија експерименталниот имот на Универзитетот „Љешкопоље“ и беа во посета на неколку винарски визби. Оваа посета се искористи за завршување на претходно започнати научни активности и планирање на идни соработки во рамки на CEEPUS мрежата, но и можности за други научни апликации.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.