Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Земјоделски факултет, има потреба да ангажира едно лице консултант од областа на економија, агроекономија и менаџмент, како соработник во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01 и ќе трае до  31.12.2026 година.

  1. За проектот

Климатските промени се еден од најголемите глобални проблеми и предизвици на денешницата, кој е особено поврзан со зголемената концентрација на стакленичките гасови во атмосферата. Земјоделството како стопанска активност претставува значаен извор на стакленички гасови. Земјоделските почви имаат улога на извори и складишта чиишто емисии на стакленички гасови природно зависат од биотски и абиотски фактори, како и од антропогеното влијание (начинот на управување со земјоделските почви). Една од основните цели на проектот е да се проучат и препорачаат начини и техники на производство кои придонесуваат за намалување на емисијата на стакленички гасови во земјоделството.

  1. Позиции и опсег на работа

- Консултант од областа на економија, агроекономија и менаџмент: се обврзува да работи консултантски услуги при реализација, координација, буџетирање и подготовка на финансиски извештаи согласно со барањата на проектот.

  1. Начин на пријавување и селекција

Заинтересираните кандидати на е-пошта треба да достават работна биографија (CV) и сертификати кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна дo 26.5.2023 година на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме

Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност за избор нема да се враќаат.

Лице за контакт:

Проф. д-р Верица Илиева, координатор на проект: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; тел. 032 550 623.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.