Во периодот од 8 до 12 мај Земјоделскиот факултет беше домаќин на професори од Институтот по земјоделие во Карнобат, во рамките на „Еразмус плус“ програмата.
Проф. д-р Драгомир Влчев и проф. д-р Дарина Влчева од Институтот по земјоделие во Карнобат во рамките на „Еразмус плус“ програмата имаа предавања пред студентите. Освен наставните активности, професорите направија и теренска посета на неколку површини под житни култури.
Пред студентите беше претставен Институтот и можностите за практична настава, изведување на „сортови“ опити, посета на отворени денови и денови на полето во Карнобат.
Беше презентирана и плодната долгогодишна работа на Институтот и создадените сорти јачмен и овес.