Во периодот од 19.4.2023 до 20.4.2023 година тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип составен од членовите: проф. д-р Верица Илиева, проф. д-р Саша Митрев и проф. д-р Биљана Балабанова го претставија проектот „Карбоника“ на Третото меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“.
На првиот ден од Меѓународното советување беа претставени главните цели и можности коишто ги обезбедува проектот, со посебен акцент ставен на бенефитите коишто би произлегле од проектот за стопанството и за земјоделските работници. Исклучително значајна можност во обединувањето на „таргетниот хеликс“ од проектот „Карбоника“ претставуваше присуството на министерот и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и градоначалникот на Општина Штип коишто беа дел од аудиториумот на советувањето. Воедно, значајна целна група од присутните беа претставниците на земјоделските стопанства: ТД ДЗП „Клечовце“ ДООЕЛ, „АГРОУНИЈА“ ДООЕЛ, ДОО „БМФ“ Зрновци, „Агро Солар ЛТД“ (AGRO SOLAR LTD), „Пина Роботикс“ (PINNA ROBOTICS) од Скопје, „Ирибов МК“ (IRIBOV MK), „Био Амитика“ (BIO AMITICA) и други.
Во текот на вториот ден од советувањето, проф. Балабанова ги презентираше можностите од програмата „Хоризонт Европа“ (HORIZON EUROPE), како и генералните можности и цели на проектот „Карбоника“ пред присутните професори, стручњаци од пракса, студенти и стопанственици. Во делот за научни претставувања, тимот на УГД имаше научно излагање на прегледни податоци од проектот со наслов „REDUCING GREENHOUSE GAS EMISSIONS IN AGRICULTURE: CHALLENGES AND POSSIBILITIES“ („Намалување на емисиите на гасови од стаклената градина во агрокултурата: предизвици и можности“) од авторите В. Илиева, С. Митрев и Б. Балабанова.
Детални информации за целите на проектот и опфатените активности може да се најдат на следниот линк: Carbonica - Carbon initiative for climate-resilient agriculture (carbonica-hub.eu)