Во периодот од 25 до 29 септември на Земјоделскиот факултет во рамките на програмата Еразмус плус, проф. д-р Ганка Чанева од Биолошкиот факултет при Софискиот универзитет одржа предавање од областа на физиологија на растенијата.
Предавањето беше на тема „Потенцијални ризици при користење на додатоците на храна од алги“ („Потенциални рискове при използването на хранителни добавки с водорасли“) во рамките на предметот Физиологија на растенијата за студентите од втора година.
Предавањето беше организирано во Наставниот центар во Струмица и во Наставниот центар во Штип.
Земјоделскиот факултет досега бил домаќин на поголем број професори од универзитети надвор од Македонија, во рамките на програмата Еразмус, и понатаму ќе продолжи со истата програма на студентите да им овозможува предавања од различни области со професори од страна.