УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет години наназад има одлична соработка во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка со Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка. Како резултат на одличните резултати и препораки кои ги има лабораторијата од страна на студентите од Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите, како за кратки престои од две недели така и за подолги студиски престои од три месеци.
Во моментот, група од шест студенти се во посета и практична настава во УНИЛАБ лабораторијата, во периодот од 30 јануари до 11 февруари 2023 г.
Благодарение на тимот и одличната соработка на вработените во УНИЛАБ, студентите ќе изведуваат практична лабораториска работа, но воедно и директно ќе бидат ангажирани во изведување на лабораториски анализи во УНИЛАБ лабораторија.
Следна група на студенти кои доаѓаат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата, на долг студиски престој (три месеци) ќе бидат кај нас во периодот од март до јуни оваа година.
Нашата соработка ќе продолжи и понатаму, и ќе подржуваме и бидеме отворена лабораторија за кратки мобилности (две недели) и долги студиски престои (три месеци), не само во рамките на ЕРАЗМУС програмата, но и за други партнер институции на факултетот и универзитетот, како и за наши заинтересирани страни.