Средношколците од втора година во Гимназијата „Славчо Стојменски“, под менторство на професорката Марјана Младеновска-Петрова, беа гости на лабораторијата УНИЛАБ.
Часот за посета на лабораторијата е дел од нивната наставна програма за предметот Хемија, па така и целта на посетата беше да се запознаат со неколку хемиски методи на работа.
При посетата детално е прикажан и изработен методот за дестилација на испарливи киселини кај работна мостра – вино.
Лабораторијата УНИЛАБ и Земјоделскиот факултет нудат можности за соработка помеѓу средните училишта и факултетот преку изведување на практични и теренски показни вежби за полесно совладување на наставните единици.