12 декември, 2022 година
Студенти од Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа на 13-тата Смотра на студентски трудови, организирана на 12 декември 2022 год на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Елена Богева, студент на трет циклус на студии на Земјоделскиот факултет, на студиската програма Енологија го презентираше трудот со наслов: "Медено вино, нов вински стил од сортите Темјаника, Смедеревка и Станушина".
Александар Пиперевски, студент на втор циклус на студии на Земјоделскиот факултет, на студиската програма Енолигија, го презентираше трудот со наслов: "Определување на полифенолен профил на вина од сортата Пино Ноар со примена на UPLC-ESI-IT-MS техника".
Александар Темелков, студент на прв циклус на студии на Земјоделскиот факултет, го презентираше трудот: "Антиоксидантна активност на црвени вина".
Тања Вичентиќ, студент на прв циклус на студии на Земјоделскиот факултет, го презентираше трудот: "Како да ги зачуваме светулките (Coleoptera: Lampyridae) од исчезнување".
Програмата за смотрата е објавена на следниот линк: http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/xiii-smotra-na-studentski-trudovi.html