„Критични прашања во земјоделството и животната средина“ е насловена Третата студентска конференција која денес се одржа на Земјоделски факултет при УГД.

Студентите ги презентираа своите научни трудови, а во исто време имаа можност да се поврзат и со компаниите од бизнис секторот со цел подобро решавање на актуелните предизвици во земјоделието и животната средина.

  • Акцентот е ставен на студентите и нивните трудови. Воедно, овде се компаниите со цел ги насочат нашите студенти за тоа каде би можеле да се фокусираат по нивното студирање, а и да ги остварат меѓусебните контакти. Овде денес се и дел од нашите дипломирани студенти кои треба да ги споделат своите успешни приказни - изјави деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов.

Студентите преку своите трудови ги адресираа клучните предизвици во земјоделието и она што се случува во земјоделието во модерниот свет. 

  • Презентирани се трудови кои ги отвораат прашањата за ефикасно производство, но и за заштедата на енергија. Знаеме дека светот ја живее енергетската криза, па преку вакви видови на трудови може да се отворат некои клучни прашања за решавање на овие проблеми - изјави проф. д-р Љупчо Николовски од Земјоделски факултет.

 На конференцијата беа презентирани и успешни приказни на дипломирани студенти. Таков е примерот на Филип Камчев, кој студирал Енологија на Земјоделски факултет, а денес е успешен производител на сопствено вино за локална продажба.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.