Студентите од четврта година на Земјоделски факултет беа активно вклучени во теренските активности што се организираат на ниво на факултетот.
На 5 април на површините на УНИ-сервис агро (под Земјоделски факултет) една група студенти учествуваше во изработка на опитни парцели за сеидба на сончоглед. Во поставувањето на опитот беа вклучени 12 сорти сончоглед и истите беа поставени во 3 повторувања. По сеидбата, студентите извршија и хемиска заштита на површината од плевели.
Поставениот опит постојано ќе биде следен за да се утврдат сите фази на сончогледот од поникнување до крај на вегетацијата, со цел да се следи начинот на одгледување и здравствената состојба на сончогледот.
Tеренска настава