Journal of Agriculture and Plant Sciences (ЈАРЅ) е наследник на националното списание Годишен зборник на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кој започа да се издава во 2000 година.
Меѓународното списание Journal of Agriculture and Plant Sciences (ЈАРЅ) како меѓународно списание се објавува од 2017 година, полугодишно, почнувајќи од том 15. Од август 2020 списанието е индексирано во EBSCO.
Во Journal of Agriculture and Plant Sciences (ЈАРЅ) се објавуваат различни категории трудови од поширока истражувачка област во земјоделството и растителните науки: растително и животинско производство, генетика и селекција на растенија, заштита на растенијата, поледелство, градинарство, лозарство, биотехнологија на растенија и животни, сточарство, анимална генетика и селекција, контрола на храна, енологија, педологија, заштита на животната средина, пејзажна архитектура, агробизнис, земјоделска технологија и други области во земјоделството и растителните науки.
Ракописи до ЈАРЅ се поднесуваат во континуитет преку веб страната, со едноставна регистрација и лесна „чекор по чекор“ постапка на линкот https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/about/submissions. Ракописите се оценувани анонимно од двајца рецензенти. Секоја година списанието ЈАРЅ издава еден том со два броеви кои се објавуваат во јуни и декември. Објавувањето на трудовите во ЈАРЅ е бесплатно.