Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Земјоделски факултет, има потреба да ангажира едно лице консултант од областа на економија, агроекономија и менаџмент, како соработник во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01 и ќе трае до 31.12.2026 година.
- За проектот
Климатските промени се еден од најголемите глобални проблеми и предизвици на денешницата, кој е особено поврзан со зголемената концентрација на стакленичките гасови во атмосферата. Земјоделството како стопанска активност претставува значаен извор на стакленички гасови. Земјоделските почви имаат улога на извори и складишта чиишто емисии на стакленички гасови природно зависат од биотски и абиотски фактори, како и од антропогеното влијание (начинот на управување со земјоделските почви). Една од основните цели на проектот е да се проучат и препорачаат начини и техники на производство кои придонесуваат за намалување на емисијата на стакленички гасови во земјоделството.
- Позиции и опсег на работа
- Консултант од областа на економија, агроекономија и менаџмент: се обврзува да работи консултантски услуги при реализација, координација, буџетирање и подготовка на финансиски извештаи согласно со барањата на проектот.
- Начин на пријавување и селекција
Заинтересираните кандидати на е-пошта треба да достават работна биографија (CV) и сертификати кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна дo 26.5.2023 година на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме
Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност за избор нема да се враќаат.
Лице за контакт:
Проф. д-р Верица Илиева, координатор на проект: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; тел. 032 550 623.