Проф. д-р Кирил Бахчеванџиев од Политехничкиот Универзитет во Коимбра, Португалија, на ден 08 април (петок), со почеток во 11 ч., ќе одржи предавање за студентите на Земјоделски факултет, во Наставен центар Штип, во рамките на ЕРАЗМУС програмата.
Предавањето ќе биде со физичко присуство, во Свечената сала на Кампус 2, со почитување на мерките за заштита од Covid19. Темата на предавањето ќе биде: „Зачувување на растителните генетските ресурси („Conservation of plant genetic resources“).
Предавање Проф. Бахчеванџиев ќе одржи и на 11 април (понеделник), со почеток во 11 ч., во Наставниот центар во Струмица на тема: „Управување со стакленици/пластеници“ („Greenhouse management“).
Покрај физичкото присуство, во интерес на студентите од другите наставни центри, ќе биде креиран и линк за приклучување на Teams.
Очекуваме интерес и присуство на студентите на Земјоделски факултет.