За првпат годинава, студенти од насоките Земјоделство, Ветеринарство или Шумарство добиваат стипендии од највисоката категорија, со висина од 18.000 денари. Ова е дел од новата Програма за студентски стандард, донесена на крајот на 2022 година, а денес на средба со деканката на Земјоделски факултет на УГД, проф. д-р Емилија Арсов, ја промовираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата присуствуваа и студенти кои се добитници на стипендија, кои изразија задоволство од добивањето на стипендијата и од досегашното искуство од студирањето на Земјоделскиот факултет.
Read more ...Лабораторијата УНИЛАБ на Земјоделски факултет од 6 март 2023 г. повторно е институција домаќин и прв избор на студентите од Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка. Како резултат на одличните резултати и препораки што ги има лабораторијата од страна на студентите од Чешка, продолжува изборот на Лабораторијата УНИЛАБ за пракса на студентите, сега за периодот од март до јуни.
Read more ...На 22 и 23 февруари, студентите од трета година, насока Растителна биотехнологија, и четврта година, насока Градинарство, реализираа посета на компанијата Агроуник во Р. Србија.
Read more ...Главна цел на вмрежување на научните работници во рамки на COST Акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare, ќе биде да се дефинира и концепциски постави пристапот кон позитивната благосостојба на фармерските животни, да се идентификува валидна методологија за проценка на позитивната благосостојба на животните и да се дефинираат индикаторите за добра благосостојбата на животните одгледувани во фармерски услови.
Read more ...Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е дел од конзорциумот на партнери во научен проект од програмата HORIZON-CSA, проект со наслов CARBONICA: Carbon Initiative for Climate-resilient Agriculture.
Read more ...Во рамките на CEEPUS мрежата „Teaching and Learning Bioanalysis", проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, редовен професор на Земјоделски факултет и локален координатор на CEEPUS за УГД, реализираше научен престој на Бугарската академија на науките во Софија, Бугарија, во периодот од 2.2.2023 до 7.2.2023.
Read more ...