Во периодот од 18 до 20 септември 2023 година на Земјоделски факултет при Универзитет во Нови Сад, Република Србија, се одржа Меѓународниот симпозиум за сточарство (ISAS 2023). На Симпозиумот учествуваа научни работници од 20 земји од регионот и пошироко. Во рамки на Симпозиумот се одржаа пленарни предавања на актуелни теми поврзани со улогата на Европската организација за животни (ЕААП) во поддршката на сточарското производство, употребата на инфрацрвената спектроскопија во подобрување на здравјето на молзните крави, воведување на геномската селекција во одгледувачките програми во сточарството, позитивен и негативен концепт во благосостојбата на животните, употреба на адитиви во исхраната на преживните животни.
Read more ...Во рамките на билатералниот проект „Оксидомикс, поддржан развој на квалитет на ладноцедени масла богати со антиоксиданти со усовршување на производствениот процес“ под раководство на проф. д-р Сања Костадиновиќ-Величковска, во периодот од 21 до 25 август 2023 год. Земјоделски факултет беше домаќин на колеги од билатералната страна, Виена.
Read more ...Во периодот од 24 до 25 август 2023 г. Земјоделскиот факултет беше домаќин на Работилница и обука под наслов „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, која овозможи вмрежување на високото образование и земјоделските компании.
Read more ...Во рамките на меѓууниверзитетската соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, потпишан е Договор за соработка меѓу две факултетски единици, Земјоделски факултет при УГД и Факултет за биотехнички науки при УКЛО.
Read more ...Тим на професори од Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, составен од проф. д-р Емилија Арсов, проф. д-р Виолета Димовска и проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, ќе учествува во подготовка на првата македонска винска енцикопедија „ВИНОПЕДИЈА“.
Read more ...Новиот број на меѓународното списание на Земјоделски факултет Journal of Agriculture and Plant Sciences (JAPS), вол. 21, бр. 1, официјално е објавен со вкупно 11 научни и стручни трудови. Трудови може да се прегледаат на веб-страницата на списанието https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/issue/view/335
Read more ...