Многу значајна алка во синџирот за производство на храна од животинско потекло претставува благосостојбата на фармските животни. Таа придонесува за поголема продуктивност на животните, намален број на повреди и намалена инциденција на болести кај животните.
Read more ...На 27.6.2023 г. во Неготино се одржа работилница на тема: „Одржливо производство на иновативни производи од локални сорти на грозје“, организирана од страна на Здружението на енолози од Македонија.
Read more ...На ден 6.6.2023 г., во село Новосељане, Кумановско, се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето“ во организација на Комбинатот „Клечовце“ и „Агростарт“. Тој ден е посветен на значењето и користењето на сертифициран семенски материјал, како и избор на ѓубрива, заштита и современа и прецизна механизација за едно квалитетно земјоделско производство.
Read more ...Во периодот од 24 и 25 август беше одржана обука на тема „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“, организирана во соработка и поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ Increasing Market Employability - IME и проектот Образование за вработување во Северна Македонија - E4E.
Read more ...Во периодот од 31 мај до 4 јуни, 18 студенти со статус на редовни студенти на Земјоделскиот факултет, под менторство на проф. д-р Емилија Арсов, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, проф. д-р Фиданка Трајкова и дипл. инж. Иван Донев, земаа учество на 60. традиционална манифестација на студенти од земјоделските и шумарските науки со научен и спортски карактер „Агрономијада 2023“.
Read more ...Земјоделскиот факултет на УГД организираше настан „Запознај го својот иден работодавец“, поддржан од Владата на Швајцарија. Настанот се организираше во рамките на активноста „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“ преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4Е@mk).
Read more ...