Со присуство на голем број земјоделски производители, научни работници, професори и земјоделци денес започна 3. Меѓународно научно советување „Агро - наука и пракса“.
Read more ...Во рамки на Еразмус плус проектот „Од дигитална технологија до образовна алатка: Унапредување на квалитетот на активното учење во земјоделските научни дисциплини во услови на онлајн и хибридна настава“ (HEAL-in-ONE), на Факултетот за агробиотехнички науки при Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Р. Хрватска, се одржа Втората работилница на тема „Унапредување на компетенциите на универзитетските професори во креирањето на наставна ситуација“.
Read more ...Во рамките на CEEPUS мрежата „BioScience, Food and Health“ реализирана е уште една успешна мобилност од страна на студентот Александар Пиперевски, студент на втор циклус студии на студиската програма Енологија под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос.
Read more ...Земјоделски факултет нa Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира едно лице експерт од областа на земјоделското производство и едно лице лаборант со искуство за лабораториска работа во областа на хемија на земјиште и растителна биохемија, како соработници во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01) и ќе трае до 31.12.2026 година.
Read more ...Студенти на Земјоделски факултет денес се најдоа во улога на професори – им предаваа искуства на средношколците од завршните години, кои се во фаза на одлука каде да го продолжат своето образование. Ова беше идејата на настанот наречен „Од младите за младите“, кој го организираше Земјоделскиот факултет на УГД.
Read more ...Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, претставуван од деканката проф. д-р Емилија Арсов и предметниот професор и раководител на Лабораторијата за растителна биотехнологија, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, потпиша Договор за соработка со компанијата „Ирибов МК“ ДООЕЛ Виница претставувана од Елои Боон.
Read more ...