Во рамките на ЕРАЗМУС програмата и договорот за соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Средното хемиско училиште во Пардубице, Република Чешка, во периодот од почетокот на март до крајот на месец мај, двајца студенти ќе бидат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата при Земјоделскиот факултет.
Студентите се под менторство на продеканот за настава Проф. д-р Емилија Арсов, и во рамките на нивната тримесечна програма студентите активно ќе учествуваат во изучување и практична реализација на методологијата на работа во УНИЛАБ лабораторијата.
Ова е прва ЕРАЗМУС мобилност за лабораториска пракса, и се надеваме дека ќе резултира со успех и можност за нови мобилности, за кои се спремни Земјоделскиот факултет и УНИЛАБ лабораторијата.