Д-р Дарио Данојевиќ од Одделението за градинарство при Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, Србија, беше гостин-предавач на студентите од четврта година и апсолвентите на насоката Градинарство на Земјоделскиот факултет во Струмица.

Д-р Данојевиќ одржа предавања по предметите Специјално градинарство и Градинарство во заштитен простор, со посебен осврт на култивирање и селекција на пиперка, како и справување со климатските промени во заштитен простор.

Присуството на д-р Данојевиќ беше искористено и за теренска настава во АД Оранжерии, Хамзели, каде што теоретските предавања беа поткрепени со практични и теренски информации.  

Во рамките на предавањата беше организирана работилница во која беа одржани кратки предавања од проф. д-р Љупчо Михајлов за значењето на автохтоните сорти за органското производство и од проф. д-р Драгица Спасова за значењето на ген-банката при Земјоделски факултет за зачувување на агробиодиверзитетот и автохтоните сорти. На крајот од работилницата студентите на насоката Градинарство преку презентации ги прикажаа резултатите од обновувањето на автохтони линии и сорти од ген-банката при Земјоделскиот факултет, што беше реализирано во текот на летото 2019 г., како дел од праксата во времетраење од 30 дена што секој студент има обврска да ја реализира за секоја академска година.

Обновувањето на семето и организацијата на работилницата се поддржани од проектот „Управување на растителната генетска разновидност (ПГР) за храна и земјоделство во Македонија“, поддржан од Швајцарската фондација „Проспециерара“ во координација на м-р Љупчо Василев.

На студентите кои успешно ја реализираа практичната работа и имаа успешно обновување на семенскиот материјал им беа доделени сертификати.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.