На Земјоделскиот факултет при УГД се одржа Интернационалната конференцијата „1st SCIENTIFIC CONFERENCE FOR CRITICAL ENVIRONMENTAL ISSUES OF THE WESTERN BALKAN COUNTRIES”.

 Конференцијата се одржува во склоп на научен проект финансиран од WBAA и обединува научни експерти и студенти од земјите на Западен Балкан.

Ова е научен проект кој е целосно финансиран од Алумни асоцијацијата на Западен Балкан, целите на проектот се обединување на универзитетски единици од универзитети од Западен Балкан – Косово, Албанија, БиХ, Србија и РСМ. Целта е споделување на знаењата и експертизата од областа на загадувањето и заштитата на животната средина. Конференцијата е организирана со цел трансфер на знаења кон студентите и младите истражувачи, нивно насоучување и вклучување во тие истражувачки процеси. Од РСМ се вклучени и имаат одлична соработка УГД, Универзитетот од Тетово и УКИМ – изјави доц. Биљана Балабанова.

Кирил Јорданов, член на тимот за проекти на ВБА асоцијацијата, изјави дека целта на оваа асоцијација е да ги спои студентите кои студирале преку Еразмус со цел истите подоцна да можат да се соединат и да можат од своите знаења да направат размена на искуства од сопствените држави, а и државите заедно да направат повеќе за сопствените општества.

Во овој случај успеавме да најдеме тема која е интересна за цела Европа, па и за нас, како понеразвиено општество во смисла на свеста на граѓаните за животната средина. Се надеваме дека професорите ќе им го дадат своето знаење на студентите, кои ќе можат во иднина да делуваат во насока на заштита на животната средина преку проекти кои ќе се имплементираат во пракса – изјави Јорданов.

На конференцијата свои презентации имаат професори и експерти од универзитети во регионот, а за аспектите на заштитата на животната средина во Војводина говореше проф. Јордана Нинков од Институтот за ратарство, Лабораторија за земјиште и агроекологија во Нови Сад:

- Почестени сме што станавме дел од овој проект за вмрежување на експерти од Западен Балкан за заштита на животната средина и драго ми е што уште од првиот ден препознавме исти проблеми со колегите од другите држави. Се надевам дека проектот ќе стане одржлив и посебно ми е драго што посебна компонента на овој проект е вмрежување на младите научници и студенти, бидејќи во иднина тие ќе бидат носители на овие проекти.

Претставници на Косово и Албанија во проектот се професорите Мусај Пацаризи од Универзитетот во Приштина и Пранавера Лазо од Универзитетот во Тирана. Според нив, сите држави имаат слични проблеми со загадувањето, и заштитата на животната средина може да биде подобрена преку вакви проекти и соработка на експертите од Западен Балкан.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000
Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Штип - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прилеп - Наташа Маџовска

Тел: +389 32 550 774

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.