Од 3 до 5 јуни 2019 година, деканот проф. д-р Љупчо Михајлов, проф. д-р Душан Спасов, проф. д-р Мите Илиевски и дипл. инж. агроном Иван Донев од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип учествуваа на  настанот Отворен ден на полето: „Иновации во земјоделието”, кој се одржа на Институтот за земјоделие во Карнобат, Република Бугарија.

   Посетата беше искористена за размена на информации, идеи и сознанија за состојбите во Република Бугарија и во нашата држава во областа на земјоделското производство. Беше искористена можноста да се види богатиот сортимент на жита со кои располага Институтот, новите сорти на јачмен и овес, но и да се остварат значајни средби и нови познанства, при што беа разменети материјали за соработка. Треба да се истакне особено и тоа дека беа презентирани нови информации и сознанија од апликативните истражувања за нови препарати, различни дози и начини на апликација, подобрувачи на растот врз база на микроорганизми и други значајни новитети во областа на поледелското и градинарското производство. 

   Оваа средба дополнително ја зајакна соработката меѓу двете институции, која од година во година сѐ повеќе добива на динамика.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.