Во периодот од 29 до 31 мај, студентите на Земјоделски факултет заедно со своите професори го посетија Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад и учестуваа на Денот на полето за житни, фуражни и маслодајни култури во организација на Институтот.

Посетата беше реализирана со цел студентите да се запознаат со апликативната работа што се врши во еден од најголемите институти на Балканот за селекција и производство на различни земјоделски култури. Во текот на првиот ден студентите и професорите беа примени од раководителот на Одделението за жита, д-р Радивоје Јевтиќ, при што им беше одржана кратка презентација за историјатот и работата на Институтот.

Потоа следуваше посета на сите лаборатории каде што се спроведуваат истражувањата, со цел креирање на нови сорти жита што одговараат на потребите на современото земјоделско производство.
Во текот на вториот ден од посетата студентите имаа можност да присуствуваат на свеченото отворање на Денот на полето 2019 и да ги посетат површините на кои се посеани различни сорти пченица, јачмен и овес, со посебен осврт на нивните агрономски и производствени карактеристики.

Исто така, тие ги посетија и опитните парцели на Одделението за градинарство.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000
Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Штип - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прилеп - Наташа Маџовска

Тел: +389 32 550 774

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.