Студентите на Земјоделски факултет првпат учествуваа на еден од најголемите и најмасовни студентски натпревари „Агрономијада“, кој оваа година се одржа во Будва, во периодот од 21 до 25 мај.

На натпреварот официјално учествуваа вкупно 590 студенти од Белград, Чачак, Бања Лука, Подгорица, Загреб, Задар, Скопје, Битола и, се разбира, УГД по првпат влезе во големо семејство на студенти учесници на „Агрономијада“.

Покрај забавниот карактер на натпреварот, нашите студенти сериозно го сфатија предизвикот и покажаа дисциплина, знаење, мотивираност, а со тоа оставија голем впечаток и можност за докажување уште повеќе на идните генерации.

Земјоделскиот факултет доби благодарница за влез и за учество на „Агрономијада“, а со гордост може да се пофалиме дека студентите освоија две први и едно трето место во квиз-натпревари на знаења и две трети места во презентација на научен труд.

Иван Минов (студент, III година, Наставен центар Штип) освои прво место во квиз-натпревар на знаење од областа на поледелство и градинарство и доби заслужено најголем аплауз за начин на презентирање, одговарање, брзина и смиреност.  Сара Миланоска (студент, III година, Наставен центар Прилеп) освои прво место во квиз-натпревар на знаење од областа на сточарството и Кире Пановски (студент, IV година, Наставен центар Кавадарци) освои трето место во квиз-натпревар на знаење од областа на лозарство и овоштарство.

Во делот на презентација на научни трудови, за двата презентирани труда студентите освоија трето место: Стевче К’рмзов - презентација на научен труд од областа на градинарското производство и Дарко Миндев - презентација на научен труд од областа на лозарството.

До следната година, драги наши студенти, бидете самоуверени во себе, жедни за нови знаења, предизвици, дружења, споделувајте ги вашите идеи и потреби со нас, а целиот колектив на Земјоделски факултет искрено ќе се потруди за реализирање на истите.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.