По покана на визитинг професор д-р Јовица Васин од Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, Србија, дел од студентите на Земјоделски факултет од сите четири наставни центри беа дел од  „Отворен ден на полето“, организиран од Институтот.

Студентите беа под менторство на проф. д-р Мите Илиевски, проф. д-р Фиданка Трајкова, доц. д-р Биљана Балабанова и доц. д-р Емилија Арсов.

Студентите имаа можност да го посетат Институтот и да се запознаат со историјатот и 80-годишната традиција во создавањето на нови сорти житни култури. Почетокот на јуни е оптимално време за процена на состојбата на терен и прогноза на очекуваниот принос на житни култури, како и запознавање на сите присутни на настанот, и на нашите студенти, со технологијата на производство како и стручни совети поврзани со производството на различни сорти житни култури.

На настанот присуствуваа околу 1.500 посетители, меѓу кои професори од Институтот, претставници од Министерството на земјоделие, стручњаци од пракса, со посебно обраќање до сите присутни. Во протоколарната програма за отворање на настанот, посебен поздрав за добредојде беше упатен до студентите од Земјоделскиот факултет на УГД.

Отворените денови организирани на поле се најдобра можност студентите теоријата да ја применат во пракса и да стекнат искуство плус.

Овие теренски активности ќе продолжат и понатаму, со цел студентите да направат споредба на методите, искуството, теренските активности кај нас и кај партнер институциите со кои соработува Земјоделскиот факултет. 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.