Во изминатиот период за студентите на прв циклус студии на Земјоделски факултет се организираше теренска настава во рамките на предметот Педологија, под менторство на проф. д-р Мите Илиевски и доц. д-р Биљана Балабанова.

Научен соработник д-р Јовица Васин од Институтот за градинарство и овоштарство во Нови Сад, Република Србија, одржа теоретско предавање комбинирано со практичното теренско отворање на почвен профил на три локалитети: агрономски површини во близина на с. Ерџелија (Овчеполско), с. Ропотово (Прилепско) и Струмица. На овој начин д-р Васин им овозможи на студентите директно на терен препознавање на теренската околина (морфологија/релјеф на земјиштето).

Студентите практично извршија: утврдување на внатрешната морфологија на почвените профили (утврдување/детерминирање на почвени хоризонти и текстура на почва), детерминирање на физичко-механички својства на почвата, како и теренско утврдување на семи-квантитативен состав на карбонати во почва.  Студентите вршеа и сондирање/собирање на почвени примероци во нарушена и ненарушена состојба, коишто понатаму се проследуваат за лабораториски анализи.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.